Епископ стобиски Давид: Мирно немирување

(осврт кон книгата на Синоличка Трпкова: „Никогаш не кажувам“, изд. Арс Либрис, Скопје 2021 г.)

Една ноќ Гадамер бил во Мајнхајм да одгледа театарска премиера. Пред да почне изведбата, додека чекале во партерот, на сцената излегол полицаец и рекол: „Автомобилот со број АУ 27Ц6 е погрешно паркиран. Се моли сопственикот веднаш…“ Во истиот миг сите луѓе започнале да се вртат наоколу за да видат кој е тој што ќе ја напушти салата. Но, токму тогаш се подигнала завесата и претставата започнала, покажувајќи дека полицаецот всушност е актер, а неговиот настап е самиот почетокот на театарската игра. Никој повеќе не се вртел кон другите, туку погледите на публиката биле насочени кон сцената.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Мирно немирување”