Епископ стобиски Давид: Смртта како учество во тајната на животот!

Осврт кон книгата на поетот Бранко Цветкоски: „Од исто тесто“, стихови за смртта и надежта, Макавеј, Скопје 2020.

„Љубовта е силна како смрт“ (Песна над песните 8. 6)

Верно е, дека, низ своето обемно стихотворство, прочуени поетски имиња од севкупната книжевна повест, продолжително се фаќале во костец со проблемот на смртта! Истиот бој со таа неминовна тема, природно, се бие и денес! Притоа, се чини, тешко се заобиколува впечатокот дека на предочениот проблем, не мал број стихотворци му пристапуваат еднострано, исклучиво низ поставката на еден површен l’art-pour-l’art-изам. Така стокмениот светоглед, проблемот на смртта, главно, го поставува на рамништето на сентиментализмот и плиткоумието. Посочениов пристап кон умирањето, сѐ почесто придонесува, проблемот на смртта за човекот на нашата епоха, да биде пренебрегнуван, да биде прогласен за измислен, за непостоечки! Современиот, непристоен политички чин, проникнат со сообразни мисловни текови, во голема мера создава претстава дека се зазема исклучиво за нихилизмот, како конечен исход на историјата. Но, доколку сите неповторливи личности завршуваат во едно – nihil, тогаш очебијно станува збор за невистинити луѓе, а, животот во таквиот свет постанува приказ за слепа улица. Следствено, Казанѕакис ќе го постави полнозначното прашање: „Ако сите наши книги, и сите наши мисли, и сите човечки обиди не можат ништо да ни кажат за смртта, тогаш која е нивната ценост“?

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Смртта како учество во тајната на животот!”

Бранко Цветкоски: Преку прагот е вселената на човекот

Почитувани пријатели на литературата, дами и господа,

вечерва, во овој македонски храм на книгата, ние од издавачката куќа „Макавеј“, и нам секогаш драгиот актер, Томе Витанов, и, чудесните македонски кавалџии, продолжуваме, заедно со вас, почитувани, со мисијата на зближување на творците од регионот, со проникнувањето на литературите, на културите, на народите, на начин скромен, но уверлив и искрен, онаков како што го можат само посветените за градење трајни споеви на духот, со премавнување на границите и на историските јазови, со ведрина и со кренати чела…

Continue reading “Бранко Цветкоски: Преку прагот е вселената на човекот”