Мудрецот „којшто не знаеше ништо“!

Јас, Атињани, ве почитувам и ве љубам, но ќе му бидам послушен на Бога, а не вам, та додека дишам и имам сила, нема да престанам да философирам[1], нема да престанам да ве поттикнувам и да му правам забелешки на секого од вас, когошто ќе се случи да го сретнам, велејќи го тоа што имам обичај: „Човеку битен, иако си Атињанин, граѓанин на најголемиот и најпознатиот град по мудроста и по влијанието, зар не се срамиш што од една страна ринташ за да се стекнеш со колку што може повеќе пари, глас и чест; а, од друга страна за разумноста и за вистината, и за тоа како душата твоја ќе стане колку што е возможно подобра, ниту ти е гајле, ниту се грижиш“!

Continue reading “Мудрецот „којшто не знаеше ништо“!”

Старогрчки анегдоти

– Некој човек се обидуваше да го натера Хипократ да оди во Персија за да го види Ксеркс, оти, како што му зборуваше, бил: „добар владетел“! Хипократ одби, велејќи: „Не ми е потребен добар човек, којшто ќе владее над мене“.

Continue reading “Старогрчки анегдоти”

Хорхе Букај: Претпочитам да се борам за мојата слобода

Мојата посета на Елада ме поврзува со нештата што сум ги учел. Философијата на елинските философи ми сопатуваше низ сиот мој живот. Особено кога почнав да се интересирам за психологијата.

Continue reading “Хорхе Букај: Претпочитам да се борам за мојата слобода”

Георгиос Марцелос: Философијата и Теологијата во Отечкото Предание

Вовед.

Помеѓу теолозите и филолозите или историчарите на философијата широко е распространет погледот дека Отците на Црквата, иако многу добро ја познаваат елинската философија, сепак во развојот на нивното учење не се занимаваат со философски, туку само со теолошки проблеми. Се разбира, ја ползуваат философијата за градење на неопходната богословска терминологија и за логично темелење на догматските вистини, но целосно ја потчинуваат на нивната теологија, немајќи никаков интерес за решавање на философските проблеми. Така, според ова поимање, единствената можна врска, којашто во отечкото предание постои помеѓу теологијата и философијата, е врската помеѓу господарка и слугинка. Во таа смисла, значи, философијата едноставно се смета како „слугинка на теологијата“ (ancilla theologiae)[1].

Горазд Коцијанчич: Жижек и теологијата

Прашање: Во својата работна соба го преведувате Новиот Завет и во еден момент слушате ѕвонење на вратата. Вашата сопруга отвора и после неколку мига Ве повикува да дојдете бидејќи „трговски патник“ продава некои книги, коишто можеби ќе Ве интересираат. Одите и пред вратата го гледате Славој Жижек, кој во рацете држи неколку примероци од својата книга The Monstrosity of Christ и веднаш, логореично, како што само тој умее, Ве убедува да ја купите. Дали би ја купиле?

Continue reading “Горазд Коцијанчич: Жижек и теологијата”