Преподобен Софрониј (Сахаров): Послушание, еден од трите монашки завети

Мнозина се оние, кои мислат дека разликата помеѓу монаштвото и обичниот живот на луѓето се темели на безбрачноста. Ние, во согласност со светите Отци и современите подвижници, покажуваме најголем интерес за послушанието, бидејќи, честопати, лицата што живеат во безбрачност не стануваат монаси, ниту во буквалната смисла, ниту по дух. Слично на ова, сиромаштвото како способност некој да се задоволува со малку, се среќава и кај луѓе, кои се наоѓаат многу далеку од монашкиот дух.

Continue reading “Преподобен Софрониј (Сахаров): Послушание, еден од трите монашки завети”

Хрисостомос Стамулис: Светителите и поетите, веројатно…

Постои еден заборавен збор. Изненадување. Збор, којшто во еден број случаи се поврзува со роденденски забави, во друг, пак, со големиот и нов континент, како што ни го оприсутнуваат сега, и, со години, малите и големите екрани. Така, неговото значење се поистоветува со јубилејното и вонредното, фолклорното, наше или не, сеедно; та, од таму и се бори да го исцрпи своето значење. Но, што е битно? Значи, што човекот смета дека денес е битно? Што ќе речете на тоа да помислиме на некои малечки нешта, секојдневни, некои од оние, коишто ги нарекуваме вообичаени. Можеби некаде ќе нѐ одведат.

Continue reading “Хрисостомос Стамулис: Светителите и поетите, веројатно…”

Милтијадис Д. Константину: Името Божјо

а. Текстот.

Во изворниот, безвокален еврејски текст на Стариот Завет, името Божјо се пренесува со четири консонанти (светите четири букви), се пренесува како יהוה (Јахве). Кога во подоцнежните периоди, од благочестиви причини, беше запазено  да се избегнува произнесувањето на Божјото име, Јудејците на местото на четирите свети букви го читаа зборот „Господ“ или едноставно „Името“. Од овие причини преводот на Седумдесетмината (Септуагинтата), дело на елинојазичните Јудејци на Александрија, во 3 век пред Христа, секогаш името Јахве го пренесува како:  „Господ“.

Continue reading “Милтијадис Д. Константину: Името Божјо”

Георгиос Марцелос: Философијата и Теологијата во Отечкото Предание

Вовед.

Помеѓу теолозите и филолозите или историчарите на философијата широко е распространет погледот дека Отците на Црквата, иако многу добро ја познаваат елинската философија, сепак во развојот на нивното учење не се занимаваат со философски, туку само со теолошки проблеми. Се разбира, ја ползуваат философијата за градење на неопходната богословска терминологија и за логично темелење на догматските вистини, но целосно ја потчинуваат на нивната теологија, немајќи никаков интерес за решавање на философските проблеми. Така, според ова поимање, единствената можна врска, којашто во отечкото предание постои помеѓу теологијата и философијата, е врската помеѓу господарка и слугинка. Во таа смисла, значи, философијата едноставно се смета како „слугинка на теологијата“ (ancilla theologiae)[1].

Никос А. Мацукас: Логосите на битијата

Цврстата поврзаност, којашто постои помеѓу сетилниот и умствениот свет, па дури и помеѓу создадената и несоздадената природа, се воочува и на основа на нераскинливата поврзаност помеѓу логосите на битијата (λόγους των όντων) и создавачката воља на Троичниот Бог. Тука не станува збор за козмолошки или телеолошки доказ за постоењето Божјо, каков што го востанови ренесансата, вршејќи така влијание на многу места врз христијанската апологетика.

Continue reading “Никос А. Мацукас: Логосите на битијата”