Епископ стобиски Давид: Празникот, кој повикува на игра!

Очигледно, човекот е украсен со мноштво одлики, кои не си противречат една на друга, туку го обликуваат живописниот мозаик на неговото постоење. Следствено, ги среќаваме изразите: homo faber (произведувач), sapiens (мислител), religiosus (религиозен), а помеѓу сите нив, и изразот, кој објавува една од најубавите и суштински одлики човекови: homo ludens – човек играч. Овој израз го опишува човекот како неуморлив дух, битие кое ја зграпчува шансата, личност која живее од слободата, уметник кој бара и дава љубов, битие на заедницата. Што, всушност, прави еден човек, кога се игра? Го победува времето, се става над логиката. Празниците се тука да нѐ потсетат дека е време за игра.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Празникот, кој повикува на игра!”

Фото Албум / Photo Album: Flickr.

Фото Албум / Photo Album:

На Flickr, најчесто се застапени фотографии од православни богослужби:

– дел авторски фотографии на професионални фотографи…

– дел лични светлописи, направени со „најдобриот фотоапарат, што секогаш се наоѓа во твојот џеп“, на пр., при разговори во текот на слободното време (на некои од патувањата поврзани со одреден црковен настан)… потоа, фотографии при прошетки, или, во движење…

David Ninov – Flickr

„Сине човечки, ќе оживеат ли овие коски?”

костурница

Хиландар, Света Гора, 24. 07. 2014 г.

Иезекиил 37. 1, 14. И би раката Господова врз мене и Господ ме изведе преку духот, ме постави среде полето – а тоа беше полно со коски, и ме проведе околу нив, а таму имаше многу, многу коски низ полето и тие беа наполно суви. И ми рече: „Сине човечки, ќе оживеат ли овие коски?”

Continue reading “„Сине човечки, ќе оживеат ли овие коски?””

Африка

Фото Албум

Без сомнеж, Јужна Африка е блескава скапоценост на африканската круна, првенствено со единството во различноста на мноштвото народи и јазици, со нивното широко културно влијание и со прекрасните, насмеани лица. Очи, коишто не негодуваат, туку бликаат од радост дури и во најтешките моменти.

Нејзините народи биле соочени со огромни предизвици, но секогаш се издигнувале со бестрашен дух!

Јужна Африка е земја со восхитувачко наследство и ветувачка иднина.

Земја со раскош од пејсажи, со безгранични хоризонти и со изненадувачка разновидност на флора и фауна.

Нејзиниот блесок е храбар и одлучна е да успева. Како што вели нивната поговорка: колку и да трае ноќта, зората ќе ја скрши!

Таа е икона на слободата за целиот свет!

(стобиски Давид, белешка, 21.10.2013 г., Јоханесбург)

Feast of the saint Apostle Thomas in Johannesburg / Празникот на светиот Апостол Тома во Јоханесбург

jhb

His Grace Bishop David of Stobi and locum tenens of Strumica visited Johanessburg on the occasion of the church feast and 35th anniversary of the jubilee of the church of Saint Thomas the Apostle, which dean is archimandrite Pantalejmon.

Continue reading “Feast of the saint Apostle Thomas in Johannesburg / Празникот на светиот Апостол Тома во Јоханесбург”