Преподобен Софрониј (Сахаров): Послушание, еден од трите монашки завети

Мнозина се оние, кои мислат дека разликата помеѓу монаштвото и обичниот живот на луѓето се темели на безбрачноста. Ние, во согласност со светите Отци и современите подвижници, покажуваме најголем интерес за послушанието, бидејќи, честопати, лицата што живеат во безбрачност не стануваат монаси, ниту во буквалната смисла, ниту по дух. Слично на ова, сиромаштвото како способност некој да се задоволува со малку, се среќава и кај луѓе, кои се наоѓаат многу далеку од монашкиот дух.

Continue reading “Преподобен Софрониј (Сахаров): Послушание, еден од трите монашки завети”

Архимандрит Захариј (Захару): Љубовта кон непријателите како критериум на вистината

Како што ќе беше невозможно за човекот да ја измисли верата во Света Троица, доколку не беше откриена од самиот Бог, така и љубовта кон непријателите ќе беше незамислива, доколку на светот не му ја објавеше Христос со Неговата смрт на крстот. Христос, на начин безусловен, конечен и вечен, се молеше и го даде Неговиот живот за Неговите непријатели.[1]Тоа што Господ го направи еднаш засекогаш со силата на Духот Негов, тоа останува совршениот пат, којшто го соединува човекот со Бога.

Continue reading “Архимандрит Захариј (Захару): Љубовта кон непријателите како критериум на вистината”