Епископ стобиски Давид: Бојата е иста, во прашање се нијанси!

На префинетиот рачен вез на домашната културна сцена, од неодамна се наоѓа уште едно неодминливо монистро од книжевно богатство. Пофалба е и за нашиот нормативен јазик! „Книга на записите“ (Макавеј, Скопје, 2016 г.), е првото дело од областа на политичката философија во древната Кина. Накусо речено, ова дело, преку историската парадигма на првите три кинески династии, дава согледба на политичкото дејствување на човекот во светот. „Книга на записите“ е составен дел на класичниот конфуцијански книжевен канон и претставува компилација на историско-политички текстови, кои датираат од периодот помеѓу 11 и 7 век, пред Христа.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Бојата е иста, во прашање се нијанси!”