Свети Паисиј Светогорец: Помирување со смртта

– Старче, ја соопштија конечната дијагноза. Туморот што го имате е рак и тоа свиреп!

– Донеси едно шамивче да заиграм на „Остани ми со здравје кутар свету“! Во мојот живот никогаш немам играно, но сега од радост што ми се приближи смртта, ќе заиграм.

Continue reading “Свети Паисиј Светогорец: Помирување со смртта”

Свети Паисиј Светогорец: Да се огледуваме себе си во другите

Човекот, најдобро се согледува себе си, тогаш кога се огледува во другите. Господ му ја дава на секој човек харизмата што му е потребна за да си помогне, независно од тоа дали ќе ја искористи или не. Доколку ја искористи, ќе стигне до совршенство.

Continue reading “Свети Паисиј Светогорец: Да се огледуваме себе си во другите”

Свети Паисиј Светогорец: На оној што се оправдува, не може да му се помогне духовно

Имам забележано дека денес, и големите и малите, се оправдуваат со една сатанска помисла. Ѓаволот сѐ им толкува на еден негов начин, та така се наоѓаат надвор од реалноста. Оправдувањето претставува сатанско објаснување.

– И, како се случува, Старче, некои на секој збор да наоѓаат противречие?

Continue reading “Свети Паисиј Светогорец: На оној што се оправдува, не може да му се помогне духовно”

Свети Паисиј Светогорец: Божественото пијанство

– Старче, се плашам, можеби нема да се спасам?

– Не се плаши, заедно ќе одиме горе. Само, кажи ѝ на Игуманијата да ни даде две големи шишиња за по пат, внимавај да бидат пластични, а не стаклени, за да не се искршат по патот! Ќе ги наполниме со вода и додека стигнеме на Небесата, од умор, ќе ја испиеме! Само три прсти ќе оставиме и ќе го замолиме Христа да ја благослови, да ја направи вино и потоа ќе го испиеме, опијанувајќи се духовно, блиску до Христа.

– Старче, која е таа вода?

Continue reading “Свети Паисиј Светогорец: Божественото пијанство”

Свети Паисиј Светогорец: Радоста од прифаќањето на онеправдувањето

– Старче, кога го прифаќам прекорот за некоја штета што ја правам со благодарност, дали е исправно тоа што го чувствувам?

– Гледај, ако правиш штети, те прекоруваат, а ти не негодуваш, туку се радуваш и велиш: „слава Ти Боже, тоа ми беше потребно“, ќе имаш половина радост. Но, доколку не правиш штети, та неправедно те прекоруваат, а ти го примаш тоа со добра помисла, тогаш ќе ја имаш полнотата на радоста. Не велам дека ти треба да го бараш онеправдувањето, оти тогаш непомјаникот ќе те фрли во гордост, туку велам да ја прифаќаш онеправданоста кога доаѓа нормално, и да се радуваш за тоа што си онеправдан.

Continue reading “Свети Паисиј Светогорец: Радоста од прифаќањето на онеправдувањето”