Предговор: Логиум

Во своите раце, читателот ги држи кратките обраќања на Епископот стобиски и Местобљустител струмички Давид (Нинов), изговорени на неделните, или, пак, на некои други, празнични евангелски теми. Со мали исклучоци, речиси сите предочени обраќања се изговорени во нашиот манастир „Успение Богородично“. Вообичаено, обраќањата биваа снимани за време на богослужбата, веднаш после прочитаниот евангелски текст, а потоа, низ текот на времето, беа пренесувани и на хартија. Најголемиот дел од нив потекнуваат од првите неколку години, после ракополагањето на Епископот стобиски Давид во архиерејски чин, а ретки се оние обраќања, што имаат понов датум.

Continue reading “Предговор: Логиум”