Епископ стобиски Давид: Пуштање светлина!

Сосема е возможно, големото мноштво мислечки личности да се сложат дека, бездруго, ние самите немаме слободно одлучено да постоиме. Едноставно речено, ние го немаме направено тој избор! Не зависи од нас кој ќе биде нашиот мајчин јазик, не ја одбираме татковината, ниту родителите, ниту епохата, односно историските околности во кои би си го поставиле нашето постоење. Конечно, нас никој не нема прашано со какви карактеристики, надворешни и внатрешни, би сакале да се одликуваат нашите личности. Следствено, сме ја немале ниту таа можност да одлучуваме за нашиот надворешен изглед или за нашите умствени способности и други видови таленти.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Пуштање светлина!”

Свети Порфириј Кавсокаливит: Оној што сака да биде Христијанин, треба прво да стане поет

Душата на Христијанинот треба да е префинета, да е чувствителна, да е чувствена, да лета, постојано да лета, да живее во „соништата“. Да лета во бескрајот, помеѓу ѕвездите, во величијата Божји, во тишината.

Оној што сака да биде Христијанин, треба прво да стане поет. Тоа е тоа! Треба да страдаш. Да љубиш и да страдаш. Да страдаш за тоа што го љубиш. Љубовта се труди за љубената личност. Цела ноќ трча, бдее, ги изранува нозете, само за да се сретне со љубената личност. Прави жртви, не води никакви сметки ниту во однос на заканите, ниту за тешкотиите; а, сѐ во име на љубовта. Љубовта кон Христа е нешто сосема поинакво, бесконечно повозвишено.

Continue reading “Свети Порфириј Кавсокаливит: Оној што сака да биде Христијанин, треба прво да стане поет”

Свети Порфириј Кавсокаливит: Внатре, во нашите души, да имаме добрина и љубов

Човекот има такви моќи, што може, доброто или лошото да го пренесува на неговото опкружување. Овие теми се многу чувствителни. Неопходно е големо внимание.

Сѐ треба да гледаме на добар начин. Ништо лошо да не мислиме за другите. И еден поглед, и една воздишка, влијаат на нашите блиски. И најмалата огорченост дејствува лошо. Да имаме, внатре во нашите души, добрина и љубов; и, нив да ги пренесуваме.

Continue reading “Свети Порфириј Кавсокаливит: Внатре, во нашите души, да имаме добрина и љубов”

Свети Порфириј Кавсокаливит: Пет кратки поглавија за Црквата

Кога ќе го возљубиме Христа со сета душа своја, кога божествената љубов ќе се всели во нас, проблемите исчезнуваат, а ние се исполнуваме со духовна радост.

Старец Порфириј Кавсокаливит

Старецот Порфириј Кавсокаливит (1906 – 1991), е еден од најголемите старци на нашата современост. Негова одлика се топлата љубов Христова и смирението, без било какво негодување, дури и во моментите на неподнослива болка.

Continue reading “Свети Порфириј Кавсокаливит: Пет кратки поглавија за Црквата”