Свети Исаак Сирин: Слово 48. За тоа, поради кои причини, Бог им ги допушта искушенијата на оние, коишто го љубат.

Од љубовта, којашто светителите ја покажуваат кон Бога, низ сѐ што поднесуваат заради името Негово, нивните срца се стекнуваат со дерзновение – Него да го гледаат слободно, та со увереност да бараат од Него исполнување на нивните молби, оти голема е силата на молитвата, којашто се збива со дерзновение пред Бога. Затоа, Бог ги остава светителите негови, да бидат искушани со секаква скрб, за да добијат опит од Неговата помош и од Неговата промисла – бидејќи, преку искушенијата стекнуваат мудрост и совест; та, да не бидат лишени од ученоста, да не се неуки и да не им е ускратена извежбаноста и на двата дела, на доброто и на лошото, па низ опит да стекнат знаење за сите Негови творби, не претрпувајќи измами од демонот; зашто, доколку се вежбаа само во добрите нешта, тогаш ќе беа лишени од вежбањето во лошите нешта; и, следствено, во борбите ќе беа соголени и неискусни.

Continue reading “Свети Исаак Сирин: Слово 48. За тоа, поради кои причини, Бог им ги допушта искушенијата на оние, коишто го љубат.”

Свети Исаак Сирин: Слово 25. За трпението, коешто се збива заради Божјата љубов и како во него се наоѓа љубовта и помошта Божја.

Онолку, колку што човекот го презира овој свет и ревнува во стравот Божји, во таа мерка нему му се приближува промислата Божја и човекот мистично ја чувствува нејзината помош, та му се даваат чисти помисли, за да ја разбере Божјата промисла. И, доколку некој своеволно се одрече од овоземните добра, тогаш, сразмерно на тоа во која мерка се лишува, него ќе го следи Божјото милосрдие и ќе го крепи Божјото човекољубие.

Continue reading “Свети Исаак Сирин: Слово 25. За трпението, коешто се збива заради Божјата љубов и како во него се наоѓа љубовта и помошта Божја.”

Кратко житие на светиот Исаак Сирин

Светиот отец наш Исаак, великиот и чудесен во доблеста, небесножителниот човек и земниот ангел, по род Сириец, роден е, според едни – во Нинивија, Месопотамија, според други – во Сирија.

Continue reading “Кратко житие на светиот Исаак Сирин”