Ангелики Деликари: 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија

Во 1018 год., византискиот император Василиј II Бугароубиец ја распарчил државата на Самуил (976-1018)[1] и ја припоил нејзината територија во рамките на Византиската Империја, создавајќи ја темата Бугарија со главен град Скопје.[2] За црковна катедра на темата го одбрал Охрид,[3] основајќи ја истовремено и автокефалната Охридска Архиепископија. Тоа значело дека овој нов црковен организам припаѓал директно на императорот, а не на Константинополската Патријаршија, и дека добил аналоген статус со оној на Кипарската Архиепископија. Нејзината катедра, пак, значи градот Охрид, се поистоветува со древната византиска Лихнида, којашто беше позната византиска Епископија уште пред IV век.[4]

Continue reading “Ангелики Деликари: 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија”

Епископ стобиски Давид: Средба во Вистината!

delikari.jpg

Ваша Еминенцијо господине министер, почитувани професори, возљубен претставнику на Митрополитот солунски, возљубени отци, дами и господа,

ми претставува особена чест што можам да учествувам во промовирањето на оваа значајна книга, со наслов „Охридската Архиепископија во средниот век“ на почитуваната професорка (од Одделот за историја и археологија при Аристотеловиот универзитет во Солун), и автор на книгата, г-ѓа Ангелики Деликари.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Средба во Вистината!”

Епископ стобиски Давид: Демитологизација сега!

Никогаш нема да си дозволам да го квалификувам приватниот живот на било кој човек. По ниту една цена, нема да удрам по личност, доколку не можам по аргументите! Сметам дека со клевети се служат инфериорните луѓе, оние што се обидуваат сопствената оскудност да ја покријат со оцрнување на другите, кои се наоѓаат на повозвишено рамниште од нив! Затоа, попрвин прифаќам да ми биде нанесена неправда, отколку јас да онеправдам некого! Земајќи го реченово во вид, никогаш нема да пишувам против личноста на новинарот Бранко Ѓорѓевски, а, колку и да не се сложувам со неговите написи, секогаш и без остаток, ќе ја бранам неговата слобода на израз.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Демитологизација сега!”

Епископ стобијски Давид: Сусрет у Истини (осврт на књигу „Охридска Архиепископија у средњем веку“, проф. Ангелики Деликари)

Из штампе је изашла једна веома значајна књига, са насловом: „Охридска Архиепископија у средњем веку“, професорке Солунског универзитета Ангелики Деликари.

Већ на самом почетку наглашавам: значајна књига! Следствено, сваком читаоцу се логички намеће питање: у чему се састоји њена значајност? Овом приликом бих издвојио само неколико тачака:

Continue reading “Епископ стобијски Давид: Сусрет у Истини (осврт на књигу „Охридска Архиепископија у средњем веку“, проф. Ангелики Деликари)”