Предговор кон книгата „Времетворење“ на Епископот стобиски Давид (Нинов)

Во своите раце, читателот го држи севкупниот збир колумни, напишани од перото на епископот стобиски г. Давид (Нинов), за „Слободен печат“, најтиражниот дневен весник во земјава. На чело со главниот и одговорен уредник Бранко Героски, весникот ги печатеше колумните еднаш седмично, секој четврток во рубриките „Агол“ и „Трибина“, низ текот на 2016 г., 2017 г., и 2018 година. Испитувањата покажаа дека посочените колумни, како самобитен авторски запис низ едно одлучувачко време, наидоа на одзив, на читаност, а напати предизвикаа преписка, полемика. Само дел од нив, заедно со текстовите, кои епископот Давид ги имаше објавено во неделникот „Сега“ и на неговиот блог: davidninov.wordpress излегоа во неговата претходна книга „Секој крај, нов почеток“. Оттаму, убава е заложбата на книгоиздателството „Макавеј“, овојпат сите колумни да бидат собрани на едно место и да бидат отпечатени во една книга со наслов „Времетворење“, токму како документ на посоченото време.

Continue reading “Предговор кон книгата „Времетворење“ на Епископот стобиски Давид (Нинов)”