Заедница на Љубовта (катихизис 2)

Катихизис за млади.

Кој е човекот? Што е Црквата?

Човекот е создание од разумна душа и прекрасно тело, кое ѝ служи на разумната душа – за да бидат храм на живототворната Троица. Човекот е украс на сите Божји созданија. Бог го дарувал со својот образ и му подарил моќ за живот вечен.

Continue reading “Заедница на Љубовта (катихизис 2)”

Несебична Љубов (катихизис 1)

Катихизис за млади.

Кој е Бог? Што е тоа вистинска вера? Каков е Бог?

Бог е Создател на сѐ видливо и невидливо, секаде присутен е, и, полн е со љубов за сите луѓе и сите созданија. Вистинската, Православна вера, ни ја открива големата тајна дека Бог е Троичен, дека е Пресвета Троица, Отец и Син и Дух Свети. Бездруго, тоа не се три Бога, туку само еден Бог, бидејќи трите божествени личности имаат една суштина. Само како приближна илустрација, можеме да го наведеме следниов пример и – вжештената топка на сонцето да ја претставиме како Отецот, зракот којшто излегува од неа како Синот, а светлината којашто се простира насекаде како Светиот Дух; значи, сосема е јасно дека суштината е една, а личностите се три. Преку зракот и светлината се премостува онтолошката провалија, којашто постоеше помеѓу Бога и човекот. Помеѓу Бога и човекот повеќе не постои бездна.

Continue reading “Несебична Љубов (катихизис 1)”