За автокефалија е потребна сеправославна согласност!

wp

Изјава за дневниот весник „Слободен печат“, 01 Јуни 2018 г.:

Епископот стобиски г. Давид вели дека решението на проблемот на МПЦ-ОА не треба да се бара со создавање неред во црквата, туку со хармонија.

Continue reading “За автокефалија е потребна сеправославна согласност!”

Епископ стобиски Давид: Новинарски поглед низ скршен политички диоптер!

Во одредени академски кругови на Европа, особено оние на социјалната теологија со германски бекграунд, веќе циркулираат неколку докторати, кои критички се осврнуваат на сѐ што се случуваше во минативе петнаесетина години, во однос на државниот прогон врз верските слободи на дел од граѓаните на нашава, сѐ уште, делумно слободна држава. Заради историското паметење, некои поглавија со хируршка прецизност ја обработуваат улогата на домашните печатени медиуми при отфрлањето на познатата Нишка спогодба од 2002 година. Пред да стане збор за улогата на весниците во третирањето на теолошките теми, накратко да се потсетиме на Нишката спогодба (2002 г.), во компарација со молбата на МПЦ (2017 г.), Бугарската патријаршија да стане нејзина мајка.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Новинарски поглед низ скршен политички диоптер!”

Епископ стобиски Давид: Ако записникот е таен, како е јавно познат!

Со восхит ги исчитав редовите на нашиот познат новинар, публицист и пратеник г. Веле Митаноски (Зошто СПЦ „цртала“ по два записника за односите со МПЦ – јавен и таен!?, „Слободен печат“, 03. 02. 2018), содржина во која сум прозван, та веднаш да одговорам.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Ако записникот е таен, како е јавно познат!”

Епископ стобиски Давид: Да им нацртам за мајката и ќерката!

Пред сѐ, нужно е да се знае дека православната црква како conditio sine qua non ја смета благодатта, која непрекинливо се предава преку чинот на ракополагање епископи, од апостолско време до денес. Без сочувување на тој континуитет, не би можела да биде црква! Затоа, сега, нема детално да се осврнувам на разговорот, кој на 10 Мај 1947 г., го водеа патријархот српски Гаврил, генералот Љубодраг Ѓуриќ и Лазар Колишевски. Сум имал можност да ги прегледам записниците од средбата. Но, од суштинско значење е да нагласам дека и пред седумдесет години, на насилничкото барање на Колишевски да му ракоположи епископи за МПЦ, одговорот на патријархот бил смирен и недвосмислен: црквата нема физички средства да го спречи насилието, кое на црковен план се случува во НРМ со МПЦ. Истовремено патријархот му предочил на Колишевски, дека ниту една православна црква не може и никогаш нема да признае одметничка авантура, каква што е оваа на МПЦ!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Да им нацртам за мајката и ќерката!”

Епископ стобијски Давид: Нема цркве без јединства са другим црквама!

Искуство је показало да, када се захвата вода са живописног планинског извора, сасвим је могуће, у лончић, поред бистре воде, да уђе и жаба. Сада, у затишју, пред вероватних будућих дебата, креативно је да се сагледа шта је постигнуто на пољу религијског плурализма, и шта тек треба да се уради. И, да! Између осталог, да се лоцира жаба!

Continue reading “Епископ стобијски Давид: Нема цркве без јединства са другим црквама!”