Епископ стобиски Давид: За доцноавгустовската светлина

I. Умните луѓе најдобронамерно истакнуваат дека, денес, демократијата не предизвикува само семантичка какофонија; туку, очигледно причинува и идеолошки мутанти, кои, со сопствената пословична, мисловна и вербална, недостаточност, се самопрогласуваат за алфа и омега; та, сите, кои се наоѓаат вон лажно патинираните, гипсени рамки на нивниот политички гоблен, ризикуваат да бидат прогласени за непријатели на демократијата. Веројатно оттука, Ален Бадју, денешната доминантна идеологија ќе ја именува: „демократски материјализам“, кој, очигледно, не е само облик на лошо владеење, туку првенствено претставува релативизирање на културата и криза на образованието на една држава. Зошто го посочувам реченово? Затоа што, не ретко, темнината на предочениов „демократски материјализам“, кој знае да поприми и религиозна димензија, на просечниот граѓанин му се сервира како – светлина! Но, штом оваа „светлина“, всушност, е темнина, тогаш колкава ли му е темнината (Матеј 6. 23)?! 

Continue reading “Епископ стобиски Давид: За доцноавгустовската светлина”

Епископ стобијски Давид: Свете Тајне – учествовање створеног у нествореним

“Православље” – новине Српске Патријаршије (бр. 1281-1282. 1-15. август 2020 г.) http://pravoslavlje.spc.rs/indexARH.php?mod=m&m=292

I. У његовој „Мистагогији“, свети Максим Исповедник предочава да је Црква икона целокупног света, који се, од видљивих и невидљивих суштина, састоји. Сагласно овом исказу, али и, уопште, гледано из перспективе Светог Писма и Предања, свет је створен да постоји као Црква. Следствено, није могуће да се примењује расцепљујуће, раздељујуће сагледавање између Цркве и света, нити је, пак, могућа подела на свето и загађено.

Continue reading “Епископ стобијски Давид: Свете Тајне – учествовање створеног у нествореним”

Епископ стобиски Давид: Теологија и уметност

Предавање, кое, протојерејот Иван Цветковиќ го организираше на неговиот You Tube канал, во периодот на вонредната состојба предизвикана од пандемијата COVID-19. Предавањето е одржано на 29 Април 2020 година. Во продолжение следува преводот од српски јазик:

Ми се чини дека на почетокот е добро и потребно да го разгледаме, од различни аспекти и со едноставен јазик, проблемот на односот помеѓу теологијата и уметноста! Можеби да се обидеме да им обрнеме внимание на некои пристапи кон следниве прашања: Како гледаат на теологијата и уметноста, различните типови на духовност во Црквата? Дали уметноста може да биде теологија? Дали веруваштиот, воопшто може да се осмели да помисли – дека е возможно уметноста да биде теологија? Во продолжение, дали теологијата има било каква поврзаност со современите видови уметност, на пр., со современиот театар, со филмот, фотографијата или со некои современи правци на сликарството и музиката?, и други слични прашања, кои произлегуваат од овој контекст.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Теологија и уметност”

Епископ стобиски Давид (Нинов): Љубовта ја победува смртта. Славко Нинов (1945 – 2019)

(обраќање на Епископот стобиски Давид (Нинов), на опелото на неговиот родител, актерот Славко Нинов[i], на 26 Јануари 2019 г., Скопје)

Возљубени од семејството, почитувани пријатели,

за Славко Нинов можам да зборувам многу, долго и единствено со радост; но, говорот или пишувањето за него ќе ги продолжам понатаму, низ иднината, а, денес, ќе го испратам со неколку едноставни, простосрдечни реченици.

Continue reading “Епископ стобиски Давид (Нинов): Љубовта ја победува смртта. Славко Нинов (1945 – 2019)”